четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Констракта доби подарок, прифати да го носи на Евровизија

ФОТО: Констракта доби подарок, прифати да го носи на Евровизија

Многу дискусии се развија по победата на Констракта со песната „In corpore sano“. Аудиовизуелниот настап на српската претставничка на Евровизија вклучува миење раце во леѓен.

Компанијата „Металац“ дошла на интересна идеја и преку Твитер обајви дека за Констракта изработиле специјален подарок кој одамна веќе не го произведуваат.

За неа направиле бокал и леѓен кои би можела да ги користи за време на сценскиот настап во Торино. Од компанијата замолија некој да и пренесе на Констракта и да ја праша дали сака да ги земе. Набрзо следуваше одговор.

-Уметничката вели браво и може може може за Торино, гласеше одговорот во стилот на рефренот од песната.

Најнови вести