Додека во Македонија српските и хрватските пејачи растураат со хонорарите, ретко кој од нив е под 10 илјади евра, во исто време таму преку Големата бара, растураат нашите во македонската дијаспора.Така неодамна, во времето на Новогодишните и Божиќните празници, концертно а, со тоа и финансиски најдобро помина, според информациите кои допираат до Македонија, згодната фолкерка Сања Ристеска- пишува Вечер.пресс.
Таа заедно со неколкумина наши естрадни ѕвезди, меѓу кои и Благоја Грујовски, Наум Петрески, Митко Бежаноски, направи невидена забава.
Тие што дојдоа на нејзините настапи не жалеа да даваат пари.
Впрочем, Сања одлично се закити со еден куп девизи. Немајќи простор каде да го става спечалениот бакшиш, мораше да се снаоѓа на лице место, па самиот микрофон го китеше со доларите.
Сосема јасно е дека за нашите пејачи се повеќе има и работа и пари таму во далечна Америка, отколку во родната земја Македонија, пишува Вечер.пресс.