Сигурно нема таков кој после многу поминати карантински денови не замислува како ужива на плажа, релаксирано, опуштено и со мисли ослобедени од грижи.
Но, засега за плажата на море ќе почекаме ама затоа ги имаме природните убавини на нашата земја, нашите езера и планини, па и тука може да „влеземе“ во летен филм.
Веројатно водена по таа девиза, ТВ водителка Елена Стефановска, слободниот викенд од работа и будењето наутро, го искористи да ужива во Лазарополе.
За таму си понесе бикини, се разголи и легна во зеленилото да се сонча под силното сонце и да собере Д витамин, позитивна енергија, чист воздух и секако да добие тен.
Ова уживање го овековечи со неколку фотографии кои ги објави на својот Инсатграм профил, а веројатно ги инспирираше и своите следбеници да направат нешто слично и дека да „влезеш“ во летен филм може и од дома.
Вистина.мк