сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

(ФОТО) МЕЛ ГИБСОН НА ЌЕБАПИ ВО САРАЕВО Холивудскиот актер го посетил познатиот ресторан

(ФОТО) МЕЛ ГИБСОН НА ЌЕБАПИ ВО САРАЕВО Холивудскиот актер го посетил познатиот ресторан

Екипата од ресторанот Брајловиќ во Сараево на Инстаграм објави фотографија со лик кој по малку наликува на холивудската легенда Мел Гибсон.

„Во друштво на најголемата фаца на Холивуд. Преговори за снимање акционен сет со нас, а Сеја игра споредна улога. Ние останатите сме статисти и акробати“, напишале од ресторанот и ја означиле фан-страната на Мел Гибсон.

Набргу бројни медиуми објавија дека Мел Гибсон дошол во Сараево да јаде ќебапи, но славниот актер синоќа бил виден во Лас Вегас. И сега никому не му е јасно што се случи овде. Очигледно е дека мажот на фотографијата не е Мел Гибсон, но сопругата на сопственикот на ресторанот Сеја Брајловиќ наводно тврдела дека на фотографијата навистина е познатиот актер.

Понатаму, дали персоналот во ресторанот бил измамен од некој тип кој личи на Мел Гибсон или решиле да се шегуваат на Инстаграм? Не е познато, но коментарите на Сараевчани под фотографијата се урнебесни.

„Ликот ве измами, бесплатно јадел и пиел“, „Ако е ова Мел Гибсон, јас сум Бред Пит“, „Мел Гибсон од Фоча“, „Овој повеќе личи на Драган Дабиќ отколку на Мел Гибсон“ , пишуваат корисниците на Инстаграм.

ФОТО: Инстаграм

Најнови вести