Некои светки познати личности избираат безвременски свадбени креации од кои нема да се срамат кога ќе ги погледнат фотографиите за неколку децении, некои сакаат со фанфари да кажат „да“ и да ги изберат најпривлечните фустани, а за некои главен критериум е цената!
Најскапата венчаница (колку што е познато) чинела 3,5 милиони долари. Многумина мислеа дека тоа е член на кралското семејство, како Кејт Мидлтон или Меган Маркл, или најекстравагантната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан, но не е така.
Најскапата венчаница ја носеше најдобрата спортистка на сите времиња, тенисерката Серена Вилијамс. Овој фустан го дизајнираше Сара Бартон за модната куќа на Александар Меквин.
Серена Вилијамс, чие богатство се проценува на 260 милиони долари, не зажалила за парите кога се омажила за основачот на социјалната мрежа reddit – Алексис Оханијан во 2017 година.