сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Прва фотографија на Анастасија во венчаница, се огласи и Цеца

ФОТО: Прва фотографија на Анастасија во венчаница, се огласи и Цеца

Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ денеска објавија дека стапиле во брак.

Анастасија за кума ја избрала својата пријателка од детството, актерката Тара Милутиновиќ, додека на Гудељ кум му бил другар од детството.

Парот се венчаше во манастирот Ражиновац во близина на Белград, а на интимната церемонија присуствувале само десетина најблиски луѓе.

Анастасија на Инстаграм објави фотографија на која се со Гудељ и неговиот возач. Младата пејачка се одлучила за оваа церемонија да носи долг бел фустан, наместо класична венчаница.

Мајката на Анастасија, Цеца во својата прва изјава по објавувањето на убавата вест им посака многу љубов.

-Славиме љубов, многу сум среќна. Им посакувам долг брак полн со љубов и да бидат вечно среќни – изјавила Цеца за „Блиц“.

Најнови вести