четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: По речиси една година, Кајли Џенер објави како се вика синот

ФОТО: По речиси една година, Кајли Џенер објави како се вика синот

Инфлуенсерката Кајли Џенер на Инстаграм објави фотографии од синот што го доби со раперот Тревис Скот и го откри неговото име.

„Aire“, напиша таа во описот на фотографиите кои досега собрале повеќе од 16 милиони лајкови. Момчето е родено во март минатата година.

Кајли претходно во една од епизодите на реалното шоу Кардашијан изјави дека нејзиниот син се вика Волк, но потоа откри дека повеќе не и се допаѓа името.

-Моравме брзо да го потпишеме изводот од матичната книга на родените, а штом го потпишав знаев дека најверојатно ќе му го сменам името. Едноставно не му одговара“, рече таа.

Потсетуваме, пред неколку дена беше објавено дека Кајли и Тревис решиле да ја прекинат врската. Двајцата ја имаат и четиригодишната ќерка Сторми.

Најнови вести