Клои Кардашијан и Тристан Томпсон со месеци одбиваат да откријат дали се помириле или не, но сега нејзиниот поранешен зет Скот Дисик ги разоткри.
Откако Клои објави секси фотографија, Скот не можеше да одолее да остави сочен коментар.
„Тристан Томпсон е среќен човек“, напиша тој, потврдувајќи дека се случило помирувањето на старлетата и кошаркарот што ја изневери.
Клои позира во црно бикини за да ја покаже својата совршена линија, но и новата колекција бикини од нејзиниот бренд.
Во последните месеци, ријалити sвездата тврди дека се гледа со Томпсон само поради нивната заедничка ќерка Тру. Извори блиски до парот споделија со медиумите дека се помириле и се посреќни од кога било. Ако им се верува, Клое се надева дека кошаркарот се сменил и дека овој пат нема да биде снимен како ја изневерува со други девојки во ноќните клубови.
Во време кога Клои беше бремена, Томпсон беше снимен со серија жени, а потоа фатен како се бакнува со Џордин Вудс, најдобрата пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер. После тоа, неговата врска со Клои се прекина, но изгледа не засекогаш.