петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Фото: Полиција запленила златен „McLaren“ автомобил од познат инфлуенсер

Фото: Полиција запленила златен „McLaren“ автомобил од познат инфлуенсер

Понекогаш само купувањето на сјаен, златен суперавтомобил не е доволно, мора истиот да го осигурате.

Оваа ѕвезда на социјалните мрежи, Пујан Моктари, тоа го научила на потежок начин.

Господин Моктари, 31-годишниот инфлуенсер, пејач, извршен директор на бренд облека и основач на компанијата за произведување кавијар за која се верува дека вреди 10 милиони фунти, планирал да го испрати своето возило во Милано, но „не можел“ да го среди осигурувањето кога го запрела полицијата.

Возилото било запрено во близина на тунел под Ламанш. Полицајците не можеле да веруваат дека заплениле автомобил вреден седум цифри кој не бил осигуран.

„McLaren“ не можел физички да се смести на камионот за пренесување возила, па бил однесен во локалната полициска станица, а потоа до депонијата во Кент каде стоел повеќе од две седмици. Моктари во неделата испратил камион да го преземе автомобилот, па истиот бил испратен во Париз.

Инфлуенсерот веднаш се фотографирал со возилото пред Ајфеловата кула и на неговиот Инстаграм профил објавени се фотографии од гордиот сопственик кој стои покрај неговиот имот вреден 1,3 милиони долари – „McLaren Senna“.

Мораме да признаеме дека одвај ја забележавме Ајфеловата кула која се наоѓа во заднина, додека блескавите тркала на автомобилот ја крадат цела светлина.

Исто така инфлуенсерот објавил фотографии со своите пријатели на улиците на Париз и јасно е дека овој немил настан не можел да не го вознемири богатиот ирански милионер.

Најнови вести