Пејачката и виолинистка, Андријана Јаневска деновиве престојува во Загреб –Хрватска.
Таму не отиде приватно како турист, туку работно за да го снима својот најнов спот кој го најави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Навикнати сме Јаневска да ја гледаме во некои елегантни изданија, без многу нагласен сексапил, но овој пат таа пред следбениците покажа едно спосема поинакво модно светло.