Најпопуларната израелска актерка Гал Гадот која многупати е прогласувана за најубава жена во светот и позната по улогата „Чудесна жена“, стана мајка по трет пат.
Гадот е во среќен брак со продуцент од 2008 година.
-Моето слатко семејство. Не можам да бидам повеќе благодарна и среќна (и изморена), сите сме возбудени што можеме да ја дочекаме Даниела во семејството. Ви праќам љубов и здравје, напиша во емотивната објава Гал.
Таа за ќерката го избрала името Даниела кое значи „Божји судија“.