четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Шок издание на Бред Пит, го споредуваат со неговата улога на Бенџамин Батон

ФОТО: Шок издание на Бред Пит, го споредуваат со неговата улога на Бенџамин Батон

Бред Пит беше фотографиран оваа недела во Франција додека снимаше реклама, а поради неверојатно младешкиот изглед на 59-годишна возраст го споредуваа со Бенџамин Батон.

Холивудскиот актер работи на реклама за италијанскиот бренд за кафе De’Longhi во лозје на француската ривиера.

Самиот Пит го играше ликот на Бенџамин Батон, човек кој старее наназад, а поради неговата појава на сетот го споредуваа токму со него.

Оскаровецот носеше бела кошула, со бели панталони и бели чевли. Изгледот го комплетираше со очила за сонце, а со кратка фризура изгледаше доста подмладено.

Најнови вести