понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Шпанскиот репрезентативец си најде девојка од Македонија и тргна да го освојува светот

ФОТО: Шпанскиот репрезентативец си најде девојка од Македонија и тргна да го освојува светот

Соиграчот на Кире Лазаров од екипата на Нант, Едуардо Гурбиндо е на пат да стане македонски зет, а паузата за време на летото ја користи максимално.

На својот инстаграм профил објави фотографии со неговата девојка Елена, а дека се во голема љубов веќе е одлично познато меѓу оние кои се вљубеници во ракометот.

Секако интересно е да се види како го поминуваат летото, а самиот Гурбиндо објави фотографии од кои се гледа дека ги освојуваат плажите одморајќи се од напорната сезона и подготвувајќи се за новата.

Неговиот Нант во август можно е да игра на Светското клупско првенство во ракомет, а останува да видиме дали Елена ќе му помогне на Гурбиндо да стигна до титулата.

Најнови вести