понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Нант и Кожан ја продолжија соработката до 2028 година

Нант и Кожан ја продолжија соработката до 2028 година

Францускиот ракометен тим на Нант објави дека е продолжена соработката со тренерот Грегори Кожан за уште четири сезони.

Кожан минатата сезона седна на клупата на овој тим и потпиша до 2024 година, а раководството очигледно е задоволно од соработката, па уште сега се одлучи да го врзе на долг рок.

Нант под негово водство минатата сезона освои два трофеи во Супер Купот на Франција и во Купот на Франција, а до последен момент беше во конкуренција за титулата во првенството.