Неколку дена по премиерата на филмот „Fast X“ во Рим, претпоследното продолжение на франшизата, не престанува да се зборува за парот кој победи на црвениот тепих.
Џејсон Статам и неговата сопруга Рози Хантингтон-Вајтли воодушевија со координирани модни комбинации.
Актерот на премиерата на новиот дел од „Брзи и бесни“ пристигна со својата 20 години помлада сопруга.
Rosie Huntington-Whiteley Wore Dolce & Gabbana & Jason Statham Wore Bottega Veneta To The #FastX Rome Premierehttps://t.co/jr0Ymz4KSH pic.twitter.com/e68SRg1rPm
— Red Carpet Fashion Awards (@Fashion_Critic_) May 12, 2023
Изминативе денови на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од парот од црвениот тепих, на кој двајцата се појавија во црна облека. Манекенката изгледаше сензационално во полупровидна тоалета со висок шлиц.
Креацијата на Хантингтон-Вајтли беше на Долче и Габана, додека Статам избра црн костум од Ботега Венета.