четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Спектакуларен долен дел, убавата актерка Зендаја во фустан кој никого не остава рамнодушен

ФОТО: Спектакуларен долен дел, убавата актерка Зендаја во фустан кој никого не остава рамнодушен

Во неделата се одржа церемонијата на доделување на наградите на Screen Actors Guild (SAG), за најдобрите остварувања на годината во филмот и телевизијата.

На црвениот тепих зачекорија бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои и актерката Зендаја, која беше номинирана за улогата во серијата „Еуфорија“.

Младата актерка, која веќе ја носи титулата модна икона, и овој пат не разочара со изданието.

Таа на доделувањето пристигна во розов свилен фустан со корсет. Станува збор за креација на модната куќа Валентино. Благодарение на долниот дел кој е покриен со рози со различни големини, од помали до поголеми, вкупно 190, има и драматично влечење.

Актерката го комплетираше изданието со шарен накит од модната куќа Булгари. Таа носеше дијамантски ѓердан со накит во различни бои како и дијамантска нараквица.

Косата ја стилизираше во гламурозни бранови, и носеше елегантни обетки.

Најнови вести