„Убавина на квадрат“- така го опишуваат луѓето овој пар.
Атрактивната Памела Родригез е од Бразил, а Данило е Србин. Освен што ги спојува љубовта и провокативниот изглед, тие двајца споделуваат и нешто друго, односно професијата.
Двејцата работат како модели, а Данило дополнително е и фотограф.
Овој београѓанин работи како модел ширум светот веќе 8 години, а се наоѓа на насловните страни од повеќе магазини.
Работата го доведе и до љубовта на неговиот живот. Две години му биле потребни да го освои срцето на Памела.
Данило патувал од една до друга страна на светот, а убавицата ја запознал кога поради работни обврски ја посетил Индија. Врската ја започнаа во 2015-та година.
Сега заедно работат, патуваат низ омилените метрополи и уживаат во своите емоции.
Љубовта на далечина успева, а сите предрасуди се залудни. Тоа е она што го докажува овој пар.