Мис Јужна Африка, Зозибини Тунзи е новата Мис Универзум.
Оваа убавица е прогласена за најубава во изборот одржан синоќа во Атланта.
Втората придружничка е Софија Арагон од Мексико, додека за прва е избрана Порториканката Медисон Андерсон.
-Пораснав во свет во кој жената изгледа како мене, има коса и боја на кожата како мојата, никогаш не е сметана за убава. Време е тоа да запре. Сакам да ве видат деца, да го погледнат моето лице и во него да го најдат одразот на своето лице, истакна Тунзи на бината.