Репрезентативците на Јужна Африка ја одбранија светската титула во рагби.„Спрингбокс“ го совладаа Нов Зеланд во финалето на Светското првенство со резултат 12:11 (12:6) на стадионот во предградието на Париз, во Сент Дени.
Африканскиот тим стана светски шампион по рекорден четврти пат и прв со две последователни титули.
Претходно беа најдобри на светските првенства во 1995, 2007 и 2019 година во Јапонија, каде во финалето ја совладаа Англија.
Да потсетиме, во полуфиналето Јужна Африка ја победи Англија, додека Нов Зеланд беше подобар од Аргентина. Во борбата за третото место, Англија вчера ја совлада Аргентина.