Авионот кој го испрати Владата на Република Србија во Германија за да го земе телото на Шабан Шаулиќ слета во Дортмунд нешто после 20 часот.
Како што пишуваат српските медиуми авионот не се задржал многу и околу 21 часот полетал кон Србија.
Обдукцијата на Шабан Шаулиќ е завршена денес, а авионот веднаш полетал кон Белград со ковчегот во кој е телото на познатиот пејач.
Погребот на Шабан Шаулиќ ќе биде утре во 15 часот во Алеата на заслужни граѓани.