понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ распиша парламентарни избори за 17-ти декември

Вучиќ распиша парламентарни избори за 17-ти декември

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го распушти српскиот Парламент и распиша парламентарни избори за 17 декември.

„Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека распишува избори за пратеници за 17 декември 2023 година. (МИА)

Фото: ЕПА