недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: За Хали Бери, годините се само број

ФОТО: За Хали Бери, годините се само број

Актерката Хали Бери објави фотографии на кои со својата прекрасна фигура покажа дека годините навистина не се важни кога е изгледот во прашање. Се планира таа наскоро да му се врати на предизвикот Fitness Friday за да ги инспирира следбениците да почнат да вежбаат. Позираше на плажа со својот тренер Питер Томас.

„Ние двајца работевме напорно, така што во последно време не се дружевме толку многу, но сега завршивме. Наскоро ќе објавиме фитнес-совети за да ве поттикнеме да станете фит“, напиша таа.

Актерката во едно интервју изјави дека нејзините деца се нејзината најголема инспирација за фитнес.

„Се чувствувам и изгледам помладо затоа што сакам да уживам што е можно подолго со моите деца. Сакам да го поздравам раѓањето на моите внуци и да ги гледам како растат”, рекла таа.

Инаку, во 2008 година, таа ја доби ќерката Нала Ариел Обри додека беше во врска со Габриел Обри. Во бракот со Оливие Мартинез, го роди синот Мејс-Роберт Мартинез, во 2013 година.

Најнови вести