Луна Џогани го очекува своето второ дете со сопругот Марко Миљковиќ. Парот неодамна објави дека повторно ќе добијат ќерка која, како што открија, ќе ја крстат Лана, а двегодишната ќерка Миа ќе биде голема сестра.
Луна важи за една од најатрактивните девојки на српската јавна сцена, а бременоста очигледно не ја спречува да изгледа феноменално.
Таа објави нови фотографии и го покажа трудничкиот стомак позирајќи во костим за капење. Друштво и правеше нејзиното куче Лоли.