сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Французите бесни на првата дама: А кога ќе дознаете поради што ја обвинуваат дека се однесува како кралица се ќе ви стане јасно

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит повторно е на удар на критики на јавноста.
Французите бесни на првата дама: А кога ќе дознаете поради што ја обвинуваат дека се однесува како кралица се ќе ви стане јасно

Овој пат,а на првата дама ѝ префрлаат дека се однесува како кралица на Франција. Причина за тоа е дека не го почитува протоколот кој ѝ наложува, на церемонија да стои зад сопругот, наместо, како што таа прави, да стои покрај него.

Таквото нејзино однесување предизвика реакции на социјалните мрежи, каде почнаа да ја споредуваат со Марија Антоанета, пренесува британски „Тајмс“.

Нејзиниот контроверзен став предизвика подсмев на социјалните мрежи, каде неколкумина корисници потсетија дека таа не е избрана да се однесува како кралица на Франција, додека други ја споредија со сопругата на францускиот крал Луј Шеснаесети, Марија Антоанета, која имала репутација на раскалашена личност и била убиена за време на Француската револуција.

Нејзиното сфаќање на улогата на прва дама е засновано на сфаќањето дека заедницата која ја формира со Емануел Макрон, е модерна заедница во која жената е изедначена со мажот.

Брижит Макрон во септември на седницата во ОН одби да седи во вториот ред со другите сопруги на лидери и одлучи да седи до француската делегација.

Како што наведува „Тајмс“, Брижит Макрон истражува како да преземе поголема улога во Елисејската палата и ќе се фокусира на група од четири до пет проблеми, вклучително на социјалната исклученост и право лице со хендикеп.

Најнови вести