понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Гага го одби Купер, “љубовниот триаголник“ излезе од колосек

Гага го одби Купер, “љубовниот триаголник“ излезе од колосек

„Љубовниот триаголник“ – Бредли Купер, Ирина Шајк и Лејди Гага, не престанува да биде главна тема во Холивуд. И додека едни погодуваат дека актерот и пејачката се “сплеткале“ за време на снимањето на филмот „A Star is Born“, други нетрпеливо го очекуваат продолжението на драмата.

Минадата седмица, според пишувањата на „Hoolywood Life“, овој пар требало повторно да ги игра главните улоги во новиот филм. Станува збор за дело во режија на Купер – биографски филм за композиторот Леонардо Бернштајн, но изгледа нема да има соработка.

„Лејди Гага нема да има улога во новиот филм“, рекол извор близок на ѕвездите. Иако нивната приказна многу помогна и осигура гледаност во кината, пејачката неодамна го одбила актерот поради озборувањата и преголемата прашина која се крена околу нивните улоги. Една од причините е и раскинувањето на Бредли и руската манекенка Ирина.

Најнови вести