Поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ знае како да го привлече вниманието на социјалните мрежи со интересни, провокативни фотографии, објави во кои покажува како максимално ужива во луксуз, стил и убавина.
Таа одлучи сега да им одговара на прашањата на фановите и да открие се што ги интересира.
Некој од корисниците на социјалните мрежи ја праша дали сака помлади или постари мажи, а таа одговори:
„Сакам маж кој знае што сака. Што живее за себе, не за другите, кој има стил и карактер. Треба да знае со мене, годините ми се небитни ако е зрел и стабилен“, напиша Мелита.
На прашањето дали има момче, екс водителката кратко и јасно одговори: „Не“.