Актерката Шарлиз Терон ја засени Никол Кидман, па дури и колешката Марго Роби која е помлада од неа.
Популарната 44- годишната Терон на премиера на филм во кој игра главна улога, се појави во црн минијатурен футан, а со деколте до папок ги засени сите дами и ги собра сите погледи.
Во фустан кој повеќе открива, отколку што покрива Шарлиз уште еднаш покажа зошто важи за најсексапилна актерка на светот.
Инаку, овие три атрактивни актерки- Никол Кидман, Марго Роби и Шарлиз Терон глумат во долгонајавуваната вистинска приказна „Bombshell”, како жени кои се во судир со основачот на медиумската куќа „Фокс њуз“.
Филмот на режисерот Џеј Раул го следи падот на основачот и директор на „Фокс њуз“, Роџер Ејлс, кој е обвинет за сексуално злоставување и вознемирување на вработените.
Ѕвездената тројка ќе ги глуми трите новинарки што одлучиле да се спротивстават на својот шеф и на шовинизмот. Кидман е во улога на Гречен Карлсон, Терон ќе ја толкува Мегин Кели, а Марго Роби – Кејл Посписил.
Ејлс поднесе оставка 2016 година, откако на позицијата директор на „Фокс“ беше скоро 20 години.