Британецот Кевин Фрешватер одејќи низ Лондон застануваше луѓе на улица и од нив бараше да ги продолжат стиховите од песните кој што ги започнуваше тој.
Некои го одбиваа, пцуеја, немаа време за него и за неговите глупости, некои ги довршуваа стиховите и пееја, а потоа тој налетал на Шарлот Авберу (30) која потоа стана сензација низ целиот свет.
Тој ја започна песната „Shallow“, а таа ја заврши песната од легендарниот филм „Ѕвездата е родена“ од Лејди Гага и Бредли Купер.
View this post on Instagram
FINISH THE LYRICS!!! ???? (Inspired by @arron_crascall) ? @charlotteawbery
Откако го пушти својот глас таа го шокираше него, но и светот бидејќи го погоди речиси секој тон.
Видеото за еден ден на Твитер собра околу 24 милиони прегледа.
Сепак ова не е прв пат многумина да ја видат и да слушнат која е Шарлот. Таа на својот Инстаграм профил често споделува преработување на најголемите хитови, погледнете.