Марина Гагиќ во своето последно интервју за српските медиуми го критикуваше својот свршеник Дарко Лазиќ, додека и пејачот не остана рамнодушен на провокацијата.
Имено свршеницата на пејачот истакна дека на Лазиќ му е поважно друштвото отколку што семејството.
-Дарко е добар, но премногу време поминува посветено на небитни луѓе. Ми смета што се гледа со небитни луѓе, што се дружи со секој. Кај мене за разлика од него се знае приоритетот- тој и семејството, вели Марина.
Таа додава дека друштвото не ја занимава толку многу. Јас сум баш подруга од него, вели Гагиќ, на што Дарко и одговори:
-Не бев јас поп, па станав пејач. Знаеше со кого влегуваш во врска. Вистина е дека можам да функционирам со секакви луѓе и во тоа јас ја гледам својата големина. На крај не би бил со тие луѓе доколку не ми било убаво, заврши Лазиќ.