Милан Мариќ, актерот кој го освои Балканот глумејќи го ликот на Тома Здравковиќ, во август годинава се зарази со коронавирус, а сега во домашната јавност се појави веста дека повторно е заразен. Медиумите пишуваа дека тој не се чувствува добро и фановите се загрижија за неговото здравје.
Сепак, Милан се огласи и откри дека тоа не е така.
-Не сум заразен, примив бустер доза од вакцината и имам малку посилна реакција на тоа, кратко изјави Милан.
Инаку, веста дека Милан е заразен дојде од тоа што беше откажана претставата во Пожаревац во која тој требаше да игра.