недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Го роди на 17 години, па го остави во дом: Запознајте го Игор, синот на Ана Бекута (ФОТО)

Го роди на 17 години, па го остави во дом: Запознајте го Игор, синот на Ана Бекута (ФОТО)

Пејачката Ана Бекута својот наследник Игор Полиќ го родила како гимназијалка, на 17 години, по што ја прател тежок живот.

По породувањето го оставила во дом за згрижување на деца, но и денес и е тешко да се присети на ова трауматично искуство.

#40 #friends #brener #kisskiss

A post shared by Igor (@igor.polic) on

Ана рано станала мајка, а млада поминувала низ тешки моменти, кои, за среќа, многу брзо успеала да ги преброди, а на својот син да му обезбеди безгрижно детство и нормален живот.

Пејачката синот го родила во вонбрачна врска. Била одвоена од своето бебе, а околината ја осудувала. И нејзините родители се нашле на ѕидот на срамот, целото село ги оговарало, а тоа неа најмногу ја болело. Сметала дека тие не се криви за ништо.

#family #grandmother ##grandfather #1978

A post shared by Igor (@igor.polic) on

-На седумнаесет години имав здрава и зрела одлука да родам дете, што и да се случи на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, селото, околината не беа сјајни. За да се смири целата ситуација го дадов Игор во дом. Остана таму осум месеци, јас одев секој десет дена да го видам и се враќав, раскажува таа.

Најнови вести