недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Го слави раскинувањето: Џеј Ло во минијатурно бикини пие коктел и танцува во базен, фановите се уверени дека парот не е заедно (ФОТО)

Го слави раскинувањето: Џеј Ло во минијатурно бикини пие коктел и танцува во базен, фановите се уверени дека парот не е заедно (ФОТО)

Латино дивата Џенифер Лопез изгледа дека не тагува премногу поради раскинувањето, судејќи според нејзините објави на социјалните мрежи.

Најголемо внимание привлече видеото што го објави на Инстаграм, во кое ужива во Доминиканската Република, што се вели, за сите пари.

Американската пејачка и латино дива, која двапати беше номинирана за Греми награда, Џенифер Лопез, се опушти во костим за капење за време на викендот.

Таа пиеше коктел во серијалот од три видеа што ги објави на своето Инстаграм стори.

Славната Џеј Ло се опушта на видеата со песна на својот поранешен партнер – Дрејк. Видеото, кое го објави и на Тик-Ток, јасно кажува дека е расположена и ужива во кратката пауза од снимањето на новиот филм.

 

Џеј Ло и 45-годишниот Алекс Родригез беа верени, но овој месец нивната врска беше разнишана. Се зборуваше за раскинатата веридба, измама и трето лице, а потоа на 13 март им порачаа на американските медиуми дека работат на подобрување на нивната врска.

Најнови вести