Пејачката Мина Костиќ на првиот ден од новата година ја загуби мајка си. Веста дека таа почина, Мина ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Таа денеска повторно доживеа голема болка, бидејќи денеска и е роденден на нејзината мајка, па и се обрати на Инстаграм.
„Ти благодарам за се, ти беше прекрасна мајка, нашата единствена. Драга наша мајко, денес ти е роденден. Еве 23 дена откако мирно и тивко не напушти. Секогаш ќе ни недостасуваш, засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Наша драга мајко, твоите деца, зетови, снаи, внуци и правнуци те сакаат“ – напиша Мина покрај фотографијата со нејзината покојна мајка.