недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Голема трагедија во домот на водителот Лари Кинг: Ниту еден родител не би требало да го погреба своето дете

Голема трагедија во домот на водителот Лари Кинг: Ниту еден родител не би требало да го погреба своето дете

Познатиот водител Лари Кинг (86) деновиве доживува вистинска семејна трагедија. Остана без две од своите пет деца и тоа во период од три недели.

Прво на 28 јули од срцев удар почина 65 годишниот син Енди, а три недели подоцна од рак на белите дробови животот го загуби неговата ќерка Чиа (51). Кинг по овој повод се огласи на социјалните мрежи.

-Со тага и скршено срце ја потврдувам загубата на своите две деца, Енди Кинг и Чија Кинг. Двајцата беа добри души и многу ќе ми недостасуваат. Енди почина изненадно од срцев удар, а Чиа почина на 20 август набрзо откако и беше дијагностициран рак на белите дробови. Да ги загубам нив е толку погрешно. Ниту еден родител не би требало да го погреба своето дете. Моето семејство и јас ви се заблагодаруваме за поддршката и добрите желби. Во овој момент потребно ни  е малку време и приватност да се опоравиме. Ви благодарам за тоа, напиша познатиот водител на Фејсбук.

Најнови вести