По написите дека планира свадба кон крајот на мај, сега српските медиуми пишуваат дека Дарко Лазиќ и Барбара Бобак закажале венчавка во црква.
Екипата на „Папарацо лов“ ги снимила Дарко и Барбара како го посетуваат храмот Свети Сава во Белград. Како што се зборува, парот одлучил на тоа место пред Бога да го изговори судбоносното „да“.
За потсетување, Дарко неодамна призна дека со Барбара планираат голема веселба.
-Ако се е како што треба, кон крајот на мај се женам со Барбара, се е закажано. Тој термин го одбравме бидејќи ќе биде убавото времето и ќе може да се слави на отворено. Прославата ќе биде во текот на неделата бидејќи ние пејачите работиме за викенд, изјави Лазиќ и додаде дека нивната свадба ќе трае два дена.
За потсетување, Дарко претходно беше во брак со Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена, па беше во врска со Марина Гагиќ со која го има синот Алексиј.