петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Големината на принцот Хари и Меган- прво ги тужеа папараците кои го фотографирале нивниот син, а сега направија нешто за восхит

Големината на принцот Хари и Меган- прво ги тужеа папараците кои го фотографирале нивниот син, а сега направија нешто за восхит

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл постигнаа договор со агенцијата за фотографии која без одобрение го фотографираше нивниот малолетен син дома.

Имено тие наместо пари како оштета уште еднашка ја покажаа големината и побараа само извинување од фотоагенцијата.

Тие двајца во јули покренаа тужба во која се тврди дека неименувани папараци го фотографирале нивниот син Арчи, нелегално, од беспилотни летала и хеликоптери близу приватната резиденција на семејството во Калифорнија, кога бебето имаше 14 месеци.

Судските документи поднесени до Високиот суд на округот Лос Анџелес во четвртокот покажуваат дека фотоагенцијата Икс-17 се согласила да престане да дистрибуира слики на кои е прикажан Арчи со неговата баба – мајка ѝ на Меган, во градината во семејната резиденција и да ги предаде оригиналните слики и сите копии на семејството. Покрај тоа, Икс-17 му се извини на семејството.

– Агенцијата, исто така, се согласи да плати дел од правните трошоци на семејството, изјави нивниот адвокат Мајкл Камп.

Меган, Хари и Арчи сега живеат во Санта Барбара, близу Лос Анџелес во Калифорнија. 

Најнови вести