Пејачот Дарко Лазиќ наскоро мора да направи уште две операции од кои едната итна.
Според српските медиуми лекарите на пејачот прво мораат да му го отстранат едниот бубрег откако престанал да функционира по тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа пејачот минатата година.
-По несреќата двата бубрега останаа нефункционални, но лекарите тогаш не ги допираа мислејќи дека нема да му сметаат и дека ќе нема компликации, вели изворот за српските медиуми.
Тој додава дека еден од бубрезите сега прави проблеми во организмот на Дарко и мора да му го извадат поради проблемите кои настануваат со неговото неработење.
-Многу неодговорно се однесува кон себе, во последните месеци не оди редовно на контроли, иако докторите се надеваа дека неговото стапало ќе се излечи тоа се уште не е направено. Со други зборови Дарко воопшто не го чувствува и нема шанси да оди на таа нога. Да би одеше на физикална терапија, да ги слушаше докторите сега тоа би било решено… меѓутоа тој се работеше спротивно на тоа и затоа ќе трпи сериозни последици.
Изворот вели и дека тој се уште пие и не излегува од автомобилот.
View this post on Instagram