четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Халанд доби „непристојна понуда“ … Дали ќе ја прифати?: Убавицата од Германија и фудбалерот на Сити наскоро заедно на тркачка патека?

Халанд доби „непристојна понуда“ … Дали ќе ја прифати?: Убавицата од Германија и фудбалерот на Сити наскоро заедно на тркачка патека?

Една од најубавите атлетичарки светот, Германката Алиса Шмит го предизвика Ерлинг Халанд, фудбалерот на Манчестер Сити.

Убавата Германка пратила отворена понуда до Норвежанецот, поточно го предизвикала на трка, тврдејќи дека би можела да го победи.

Халанд е многу брз фудбалер, неговата експлозивна моќ му помогнала да постигне 52 гола во 53 натпревари минатата сезона. Најголемата достигната брзина на Халанд е 36,2 км/ч.

Алиса Шмит смета дека без проблем може да го победи Халанд во својата омилена дисциплина – 400 метри. Нејзиното најдобро време на оваа делница изнесува нешто под 55 секунди.

Идејата да се натпреварува со Халанд сексапилната Германка ја добила кога на 21-ви август на Светското првенство во атлетика во Будимпешта, одговарала на прашања на новинарите.

Норвешкиот дневен весник „Dagbladet“ ја прашал Алиса дали може да ја победи нивната омилена ѕвезда во трчање. Русокосата размислувала неколку моменти, а потоа одговорила:

„Хм, не знам – можеби. Мислам, да на 400 метри да. На 200 метри би било потешко. Би сакала да се одржи таква трка“.

На прашањето кога би можела да се одржи таква трка, Алиса одговорила:

„Не знам, морам да го прашам него. Но, јас сум секогаш подготвена“.

Интересно, на Алиса Шмит не и непознато на атлетска патека да излезе со познати фудбалери. Во 2019-та година одржала отворен тренинг со фудбалерите на Борусија Дортмунд, а на трка со неа излегол капитенот на тимот, Матс Хумелс. После дуелот, кој можете да го погледнете во приложеното виде, таа изјавила:

„Навистина го потценив“.

Алиса Шмит е германска атлетичарка, бронзена од Европското првенство во 2019-та година, во штафетата 4×400 метри.

Иако немала големи успеси на патеките, Алиса поради својата грациозна појава стекнала голема популарност. На пример, снимката од една трка на Алиса на 400 метри од германското првенство собрала повеќе од 2 милиони прегледи на Јутјуб, иако завршила втора.

Слично е и со Инстаграм. На таа социјална мрежа убавата Германка ја следат повеќе од 3,5 милиони луѓе, што е за 1,5 милиони повеќе отколку пред две години.

Денес Алиса има 24 години, трча за Германија на ЕП во Будимпешта во штафета и една од најпопуларните спортистки на светот.

Најнови вести