Тамара Тодевска ужива во седмиот месец од бременоста и тоа не ја спречува да биде активна.
Тодевска наскоро ќе станае мајка по втор пат и тоа на син, односно нејзината помала ќерка ќе добие братче.
Пејачката беше гостинка во емисијата „Ексклузив“ на ТВ1, каде што откри дека во втората бременост се чувствува одлично и дека нема никакви потешкотии.
Таа изјави дека со Хана не можеш да застанеш ни 10 секунди, но објасни дека и втората бременост не и носи некои “маки“ и дека постојано е активна.
Во спомнатата емисија пејачката откри како ќе се вика бебето.
„Бидејќи е машко, најверојатно ќе се вика Дарен“, изјави Тамара.
извор: Вистина.мк