сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Александар Тарабунов сними дует со Тамара Тодевска, а снимаше спот без неа за- „Само ти ми фалиш“ (ВИДЕО)

Александар Тарабунов сними дует со Тамара Тодевска, а снимаше спот без неа за- „Само ти ми фалиш“ (ВИДЕО)

Поп-пејачот Александар Тарабунов дефинитивно е вредно момче, односно еден од најконстантните автори и изведувачи на домашната поп естрада. Популарниот Тара покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови… И за себе и за дуги или заедно со некои други колеги и колешки, како што е и случајот со најновата тема насловена: „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует со Тамара Тодевска.

Жанровски овој пат обајцата отстапуваат од својот препознатлив стил, Тара од латино фазонот кој во последно време обилно го практикуваше, а Тамара од својата ар ен би и баладачна приказна која ја турка последниве години.

Едноставно, обајцата заедно овој пат завршиле во старите добро познати и проверени жарови – фанк и диско, што е добредојдено за песна што излегува пред Нова Година.

Впрочем, целата атмосфера не само музички, туку преку сценографијата и костимите и визуелно во видеото кое го режирал стариот соработник Зоран Стојановски – Зонде, потсетува на златната ера на диско музиката од крајот на 70-ите и 80-ите години, кога овој жанр царуваше на светските топ листи.

Во видеото покрај Тарабунов се појавуваат и многу познати музички фаци од македонската поп естрада, како Роберт Билбилов на бас…

…Или Калина Велковска, Полина Тасева, Лаура Крлиу… како придружни вокали на пример.

Но и уште многу други, помалку или повеќе познати музичари и изведувачи, но не и онаа најпозната, која е дел од дуетот и пее во рефренот – Тамара Тодевска!?

Впрочем, како што гласи и самиот наслов на песната, односно кога истиот би го парафразирале… „Само ТАА фали“!

Музиката и текстот се заедничко дело на Тара и Билбилов, односно Тара и Зонде, кога се стиховите во прашање.

Како звучи кога Тара пее во дует со Тамара, а како потоа изгледа кога на истата песна (сн)има видео без неа, проследете во продолжение во „Само ти ми фалиш“.