Познатата музичка ѕвезда Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи биле нападнати завчера на сцена на концертот во Атланта.
Најпознатата музичка двојка била нападната додека го завршувале заедничкиот настап, за време на изведбата на една од музичките нумери кога двојката се свртела со грб кон публиката и тргнала да заминува од сцената.
Во тој момент на бината се качил пијан маж од првиот ред и почнал да трча кон нив. Во ситуацијата побргу се снашле танчерите на сценаа, отколку обезбедувањето на концертот.
Полицијата подоцна го уапсила мажот и соопштила дека станува збор за Ентони Чарлс Томас Максвел, кој бил под дејство на алкохол.