вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Хаос поради избегнат ДНК тест: „Почекај Мирослав Илиќ да умре“

Хаос поради избегнат ДНК тест: „Почекај Мирослав Илиќ да умре“

Српските медиуми пишуваат дека Мирослав Илиќ очигледно среќен влегол во 2021 година бидејќи по којзнае кој пат го одбегнал ДНК тестот со кој треба да се докаже дали е тој таткото на синот на Мирјана Антонoвиќ.

Таа не е задоволна од ваквото одвивање на настаните, па порачува дека ниту магии нема да му помогнат на Мирослав да ја избегне вистината.

-За жал од нашето докажување татковство повторно нема ништо. Овој случај дефинитивно е под контрола на Илиќ бидејќи се му оди од рака. Ќе го стигне него голема казна, но и сите оние кои му помагаат. Мирослав живее во заблуда дека Белград е само негов град и дека тој е тука семоќен. Не е свесен дека тие магии и подлости кои ги прави нема на крајот на даму помогнат. Бог ќе му суди, вели Мира.

Таа открива и каков совет добивала од разни луѓе.

-Ми велат дека Мирослав не заслужува да биде татко на мојот син и дека дури кога ќе умре да бараме ДНК тест и тогаш по судски пат да му земеме се што ќе можеме, вели Мира за српски „Стар“.

Најнови вести