петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Ова е голем циркус“: Мирослав Илиќ насмеан излезе од судница, мајката на неговиот вонбрачен син е вознемирена

„Ова е голем циркус“: Мирослав Илиќ насмеан излезе од судница, мајката на неговиот вонбрачен син е вознемирена

Мирослав Илиќ и Мирјана Антонијевиќ многу брзо го завршија рочиштето за татковство.

Пејачот весел и насмеан во придружба на својот адвокат ја напушти Палатата на правдата и не даваше никакви изјави, додека Мирјана застана пред камерите.

-Не смеам да кажам ништо за судењето, може и да бидам уапсена овде. Ова е голем циркус. Цел свет знае дека мојот син е син на Мирослав Илиќ, тој знае, судот знае, цела Србија знае. Зошто ова малтретирање. Носам сведоци од Америка, ги молам да дојдат, изјавила таа и открила како пејачот се однесува кога ќе ја види во судница.

-Некогаш има некои реакции, некогаш не, во зависност од неговото расположение. Сега мојата ќерка дојде со мене и е сведок од Америка. Не знам која е целта на сето ова. Ова е збунувачка ситуација за мене, би сакала конечно нешто да се промени, но кој знае, додаде Мирјана.

Најнови вести