петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Харис го напуштил заедничкиот стан, а еве што има да каже Рада Манојловиќ за крајот на нивната љубов

Харис го напуштил заедничкиот стан, а еве што има да каже Рада Манојловиќ за крајот на нивната љубов

Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ се во љубов со години, а до неодамна зборуваа за плановите за свадба. Сепак, вчера до медиумите стигна веста дека двајцата раскинале, а пејачот се иселил од станот, бидејќи таа го побарала тоа од него.

Поради оваа информација, Рада се огласи за медиумите. Сепак, таа остана мистична до крај.

-Навистина не би зборувала за тоа. Има многу шпекулации и многу ми пречи кога се вадат мои изјави од пред неколку години кои се однесуваат на сосема различни луѓе и ситуации и се ставаат во овој контекст и во сегашно време. Апсолутно ниту една изјава што ја прочитавте на оваа тема не е моја. Значи, за тоа прашање не се огласив, ниту ќе се огласам, тврди Рада за „24седам“, а на прашањето како е, повторно ги разгоре сомнежите.

-Добро сум, се трудам (се смее). Ќе биде во ред, сигурно. Албумот е при крај, сега треба многу да му се посветам и да си го чувам здравјето, се друго веќе ќе се реши, заклучи Манојловиќ.

Да потсетиме, медиумите вчера говореа за наводното раскинување меѓу неа и Харис, а се пишуваше и дека Рада го иницирала. Според „Стори“, пејачката наводно забележала дека многу работи почнале да се земаат здраво за готово во нивната врска, дека ништо не е исто како порано, па му предложила на Харис да направат пауза, да се разделат и да видат дали  таа емоција што сè уште постои меѓу нив е љубов или само навика.

Најнови вести