четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Харисон Форд под истрага: Овој пат ароганцијата може скапо да го чини!

Харисон Форд под истрага: Овој пат ароганцијата може скапо да го чини!

Познатиот актер Харисон Форд (77) уште еднаш се нашол во неволја заради страста кон летањето.

Тој во една прилика при управување со својот приватен авион направил сериозен прекршок кога слетувал на аеродромот во Калифорнија. Не ги разбрал упатствата кои ги добил од контролата на летање која го предупредила да не се задржува на пистата, бидејќи во тој момент друг авион вежбал слетување и полетување.

Форд ја игнорирал таа информација и предизвикал голема паника во контролната кула која вклучила висок степен на подготвеност.

Тој на крај се извинил кажувајќи дека мислел дека му кажале “се е чисто” и дека може да помине на пистата.

За среќа, немало никаква опасност од удар, бидејќи другиот авион бил далеку од авионот на Форд. Сепак, Сојузната управа за воздухопловство решила да се позанимава со овој случај.

Ова било уште една од бројните ризични ситуации кои актерот ги имал, а се поврзани со неговата страст за летање.

Најнови вести