Поранешната прва дама на Америка, државна секретарка и демократски кандидат на минатите претседателски избори, Хилари Клинтон, која овие денови е во Индија каде ја промовира новата книга „Што се случило“, го повтори сценариото од Лондон каде пред 5 месеци го скрши прстот на ногата.
Овој пат Клинтон симнувајќи се низ скалите во Индија, два пати се лизнала, а нејзините телохранители цврсто ја држеле за двете раце.
Снимката од незгодата секако веднаш стана хит на интернет. Несмасната Хилари после второто лизгање одлучила да ги соблече сандалите и да продолжи боса.
Погледнете: