Убавата оскаровка, актерката Ема Стоун ќе се мажи.
Режисерот Дејв Мекери (34) ја запроси Ема Стоун (31) и фотографијата ја сподели на Инстаграм.
Парот првпат е виден заедно во јавноста кон крајот на 2017 година, а наводно во врска се од претходно.
Актерката и режисерот се запознале при нејзиното гостување во емисијата „Сабота навечер во живо“, која Дејв ја режирал.
Во април Ема беше фотографирана со дијамантски прстен, но тогаш изјави дека сепак не е верена.