среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Холивудската ѕвезда се преполови: Што се случува со Мел Гибсон? (ВИДЕО)

Холивудската ѕвезда се преполови: Што се случува со Мел Гибсон? (ВИДЕО)

Холивудската ѕвезда Мел Гибсон ослабна 14 килограми и намали 27 сантиметри во струкот.

62-годишниот Австралијанец призна дека долго време го мачел вишкот килограми, но една случајна средба во ресторан во Сиднеј пред четири месеци му го сменил животот.

Тогаш актерот ја запознал 45-годишната Саманта Џексон, специјализирана за здрава исхрана. Таа му ветила на Гибсон дека ќе му помогне со совети за здрава исхрана и по се изгледа успеала.

-За само осум недели ослабнав 14 килограми. Целата облека конечно добро ми стои, спијам подобро, не ме боли грбот. Чувството е чудесно! Здрав сум, јадам почесто, но поквалитетно. Секој ден пијам протеински напитоци и вежбам. Се на се, имам многу повеќе енергија отколку претходно, изјави преполовениот Гибсон.

Неговата советничка за исхрана, Саманта дури и откри како се храни актерот.

За доручек јаде омлет со домат и пиперка, за ручек пилешко со шпаргли, брокула, грав и благ компир, а идеалната вечера се состои од лосос на жар, малку компир и зелена салата.

-Мел изгуби 27 сантиметри во струкот. Се консултираме преку телефон, дневно разменуваме и по 30-тина пораки. Задоволна сум што се придржува до упатствата, изјави нутриционистката.

Најнови вести