недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И по 12 години чувствува иста болка- сестрата на Тоше со еден коментар на социјалните мрежи откри колку и недостасува братот (ФОТО)

И по 12 години чувствува иста болка- сестрата на Тоше со еден коментар на социјалните мрежи откри колку и недостасува братот (ФОТО)

Денеска е најтажниот ден за Македонија во поновата историја, а 16 октомври нема човек што не го асоцира на загинувањето на македонската музичка легенда Тоше Проески.

Утрото на 16 октомври на пат кон Хрватска кај местото Нова Градишка Проески загина во страшна сообраќајна несреќа.

Тој освен илјадниците фанови во солзи, шок и неверување го остави и неговото семејство, како и најблиските роднини и пријатели.

Неговата сестра Дора Проеска која не сака да се експонира во јавноста често на социјалните мрежи пишува колку и фали нејзиниот брат.

Денеска на неговата 12 годишнина од смрт таа под фотографија со Тоше напиша дека е „Засекогаш сама“.

Инаку Дора секоја година за роденденот на Тоше прави и негова роденденска торта, па така оваа година на социјалната мрежа Инстаграм објави слика од торта украсена со детелина со четири листа, која симболизира на среќа.

Најнови вести