среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И подготвуваат пекол од кој се плаши и самата – двајцата поранешни на Северина се здружија, еве што и порачаа на пејачката преку директна порака (ФОТО)

И подготвуваат пекол од кој се плаши и самата – двајцата поранешни на Северина се здружија, еве што и порачаа на пејачката преку директна порака (ФОТО)

Дружењето во ресторан во Пула и објавувањата на социјалните мрежи беа потврда за пријателството на Милан Поповиќ, поранешниот партнер на популарната пејачка Северина и нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ.

Двајцата се следат на Инстаграм, а Игор неодамна го прослави својот 35 роденден на кој присуствуваше и Милан, кој дошол со синот.

Милан на Игор му подарил икона, иако се пишуваше дека за роденденскиот подарок на Игор избрал скап автомобил Ауди А8.

„Вашата информација не е точна, но не сум изненаден со оглед на тоа што очигледно доаѓа од лажливиот тим на Северина. Игор доби икона од мене за роденден. Северина очигледно се плаши дека сега ќе излезат на виделина сите нејзини лаги, манипулации, влијанија врз институциите и други незаконски дејствија и затоа се обидува да го дискредитира поранешниот сопруг. Поздрав“, изјавил Милан Поповиќ за Индекс.хр неодамна.

Дека тие двајца се спријателиле, освен што биле видени во ресторан во Паг, тоа го потврдија и на социјалните мрежи.

На 4 август, Игор објави фотографија од теретана и напиша: „Доаѓа зима“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Popovic (@milan8popovic)

Истото го направи и Милан на 13 август, објавувајќи идентична порака со илустрација на патоказ за селото Поповиќи-Којиќи кај Книн, што може да се протолкува како своевидна порака до Северина.

Игор Којиќ наскоро ќе биде сведок во судот во една од тужбите што Милан ги поднесе против Северина.

Најнови вести